Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во мај или јуни ќе се знае дали и кој министер ќе биде разрешен или ќе премине во друго министерство, како дел од планираната реконструкција на Владата.
„Имаме принципелен договор како коалициски партнери, вклучувајќи ја коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди – Влен“ и политичката партија ЗНАМ. Најавивме дека во мај или јуни ќе имаме реконструкција во Владата и многу прашања ќе бидат ставени на маса и ќе разговараме за нив“ – изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање за министерот Фатмир Лимани.
Премиерот истакна дека коалицијата има исклучително коректна соработка и дека во моментот не гледа простор за нови коалициски договори со други политички субјекти.
„Образот го чувате цел живот, а го губите само еднаш“ – посочи Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово.
