Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ истакна дека нема да бидат изненадени ако имаат повеќе од 50 градоначалници.
„Ценам дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе има поголем број на градоначалници споредено со 2021та година. Нашите анализи се дека нема да бидеме изненадени ако имаме повеќе од 50 градоначалници, но очекуваната бројка е помеѓу 45 и 50, плус Градот Скопје, ако 2021 имавме 42 општини“, вели Мицкоски.
Тој вели дека според партиските анализи СДСМ се движи од нула до шест градоначалници.
„Според нашите анализи СДС би се движеле од 0 до 6. А Левица не очекувам да освојат, бидејќи Левица таму каде што кандидира свои кандидати во најголем дел, а тоа се скопските општини, и во градовите Тетово, Гостивар и Струга, теоретски не може да добие поголем број на гласови од било кој друг кој што се натпреварува на тие избори. И јасна е нивната стратегија дека тие треба да бидат прокси за ДУИ“, нагласи Мицкоски.
Читај и ова:
- 1.Опсадна состојба во Минхен! Се слушаат експлозии и истрели: Најмалку едно лице е убиено, има повредени
- 2.Месечен хороскоп за октомври 2025 година
- 3.Посебен режим на сообраќај утрово во Скопје поради одржување на протест
- 4.Халид Бешлиќ се бори за живот во Сараево
- 5.Променливо облачно со слаб северен ветер