Мицкоски: Нови имиња ќе ги заменат оние коишто одлучија да одат во прегратките на Али Ахмети и на ДУИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека во периодот што следува ќе бидат номинирани нови имиња на местото на Алијанса за Албанците, крило на Арбен Таравари, кои излегоа од владината коалиција.

„На редовниот Извршен комитет синоќа разговаравме за актуелната економска и политичка состојба во државата, очекувам до крајот на месецот да излезам пред членовите на ИК со предлози за кандидати за градоначалници, па оттаму тоа ќе оди на Централен комитет. Членовите на ИК ме овластија во периодот којшто следи да номинираме нови имиња кои ќе ги заменат имињата на оние коишто одлучија да одат во прегратките на Али Ахмети и на ДУИ односно од партијата на Арбен Таравари“, рече Мицкоски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното