Премиерот Христијан Мицкоски изрази жалење што дел од трговските ланци водат политичка битка против Владата, но нагласи дека донесената одлука за цените и маржите мора да се почитува. Доколку новата комора на трговци предложи подобро решение во интерес на граѓаните, Владата е подготвена да го разгледа и да свика вонредна седница.
„Контролите ќе продолжат, а инспекциските служби ќе бидат на терен“, истакна премиерот.
Во однос на минималната плата, најави формирање комисија за утврдување на репрезентативноста на синдикатите. Доколку не се постигне договор меѓу работодавачите и синдикатите, висината на минималната плата ќе се утврди согласно Законот.