Мицкоски повика на мирен протест за отворањето на „Цар Борис Трети“

Утре во Oхрид ќе биде отворен бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“, а по тој повод опозициските партии повикуваат на протест.

Тоа го направи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој повика протестор да биде мирен, а не насилен.

„Во Охрид треба да се протестира, но да биде тоа демократски израз на волјата на граѓаните. Само протестот да биде мирен, а не насилен протест, зашто во спротивно повторно ќе печалат оние што ја доведоа Македонија во оваа ситуација, а тоа се СДСМ и ДУИ. Го поддржуваме протестот и повикуваме да се излезе и да се протестира на мирен начин“, изјави Мицкоски.

Тој додава дека важно е да не се отргне вниманието од кризата и инфлацијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното