Мицкоски: Ригорозна контрола за Тинекс и Веро по вчерашните наводи на прес конференцијата

Премиерот Христијан Мицкоски најави ригорозна контрола за двата маркети Тинекс и Веро за кои вчера новинар на прес конференција соопшти дека има информации дека го изигруваат законот за нефер трговски парктики.

„Бидејќи според информациите со кои располагаме имаме над 20 илјади комитенти по ланец супер маркети и ќе треба длабоко да се навлезе да видиме дали постојат вакви индиции. Но истовреме и други трговски објекти ќе бидат подложни на ваков тип на контроли, бидејќи стандардот на граѓаните е наш приоритет и ние се ќе сториме како Влада за да го заштитиме стандардот на граѓаните“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека треба да сфатат маркетите дека Владата е сериозна, а за „нападот“ рече дека го сфаќаат како напад врз граѓаните.

 

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното