Мицкоски се надева дека по интерпелацијата, членовите на Судски совет ќе бидат доблесни и ќе се повлечат!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите порача дека не е тајна дека граѓаните не се задоволни од начинот на кој што функционира Судско-обвинителскиот систем кај нас.

Според него, тоа е мочуриште кое изобилува со контроверзии и скандали.

„Можеме да избереме судски совет кој што објективно и без партиски стеги и интереси ќе може да го разбие ова политичко мочуриште и да биде своевиден монитор за тоа како судиите се однесуваат и какви одлуки носат и зошто носат такви одлуки. Цениме дека треба да се удри во чело, да не се обидуваме да импровизираме, да правиме импланти. Ударот во чело подразбира сето она што е во ингеренции на Парламентот, а тоа е изборот на членовите на Судскиот совет, таму каде што се гласаат, да се изгласа интерпелација“, вели Мицкоски.

Како што вели, иако ќе се изгласа интерпелација, членовите на судски совет може да останат на функција, но тоа не е добро

„И покрај тоа што ќе се изгласа интерпелација тие можат и натаму да останат дел од судскиот совет, не велам дека тоа е неточно, но во услови кога тој што те избрал ти гласа повторно недоверба, ти продолжуваш да водиш инает – тоа не е добро и тогаш имаме други механизми и алатки“, додава Мицкоски.

Мицкоски се надева дека тие истите ќе се доблесни и ќе се повлечат од функциите.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното