На синоќешниот говор во Гостивар, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски го обвини премиерот Зоран Заев дека води политички терор против опозицијата. Тој вели дека во последните месеци владини инструменти ја уценуваат и му се закануваат на неговото семејство. Мицкоски вели дека спасот го гледа во следните парламентарни избори, на кои најавува дека ќе има промена на власта. Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека партијата на СДСМ предводена од Заев ќе ја поразат и на претседателските избори.
“И јас, но и ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден е се пообединето, по-сплотено но и помотивирано и на следните, дали тоа ќе бидат предвремени или редовни парламентарни избори жестоко ќе ве поразиме, а првата таква пречка ќе дојде сега многу скоро на пролет, за време на претседателските избори кога исто така ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди кандидат кој што жестоко ќе го порази кандидатот на СДСМ на тие претседателски избори“, изјави Христијан Мицкоски – лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
