Мицкоски, Таравари и Николоски најавија реконструкции на „8 Септември“ и охридскиот аеродром

Владата најави вкупно 14,7 милиони евра инвестиции, од кои 12 милиони ќе се искористат за реконструкција на Градската општа болница „8 Септември“, а 2,7 милиони за реновирање на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Како што беше соопштено на денешната прес-конференција, болницата ќе биде целосно реконструирана до октомври. Планираната реконструкција ќе опфати оперативен блок со седум хируршки сали, вклучувајќи сали за абдоминална и уролошка хирургија, како и сала за роботска хирургија. Сите сали ќе бидат опремени со најнова технологија и медицински инвентар.

Охридскиот аеродром, пак, ќе добие нова административна зграда, а ќе бидат обновени и други делови на аеродромот.

Овие инвестиции беа најавени од премиерот Христијан Мицкоски, министриот за транспорт Александар Николовски и министерот за здравство Арбен Таравари.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното