Мицотакис: Ќе гласаме против преспанскиот договор и ќе се бориме да не се ратификува

„Остануваме на ставот дека нема да гласаме за Договорот од Преспа и ќе се бориме да не се ратификува“, е изјавата на лидерот на најголемата грчка опозициска партија Киријакос Мицотакис на денешната промоција на книгата на потпретседателот на Нова Демократија Костис Хаѕидакис која ја пренесува дописничката на МИА од Атина.

Со тоа Мицотакис уште еднаш го повтори ставот на грчката опозиција дека е против договорот помеѓу Македонија и Грција и дека нема да го поддржи.

Се вчитува...

 

 

Извор: ТВ21