Непартиската организација „Млади за Македонија“ ја повикува македонската јавност за организирање нов, „татковински референдум“, за заштита на уставното име на Република Македонија, на македонскиот јазик и идентитет.
„Млади за Македонија“ на својата фејсбук-страница објави дека почнува иницијатива за собирање на потписи за „Татковински референдум” за заштита на уставното име и против Преспанскиот договор. Организацијата планира да го оневозможи нелегитимниот, манипулативен референдум најавен од Владата за 30 септември.
„Татковинскиот спротивставувачки референдум е директен одговор на договорот потпишан од шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, Грција кога е направена е непроценлива штета на сметка на македонскиот народ и со кој се брише она за што низ векови македонскиот народ се борел: неговата татковина, јазик, идентитет, култура и историја“, пишува во повикот на Млади за Македонија.