Некои видови на храна можат да создадат зависност и тоа не само психолошка, туку и биохемиска.
Многумина на пример имаат склоност кон зависност од шеќер, што води до зголемена потреба од слатки.
„Може да биде многу тешко да се ослободите од оваа „слатка“ зависност, бидејќи мозокот сака едноставна, лесна и лесно достапна енергија, исто како што има во благото. Затоа е добро тоа да се консумира умерено“, објаснува нутриционистката д-р Дарија Савелиева.
Според Савелиева, и млечните производи се добри за телото, но само во умерени дози, а причината за тоа е што млечната храна содржи лактоза, која создава зависност.
„Кога животното ги храни своите младенчиња, млекото треба да има и многу благо, седативно влијание врз нив. Затоа постојат опијати наречени казоморфини, тие служат за смирување и опуштање“, вели таа.
Таа појаснува дека ферментираните млечни производи содржат многу корисни материи и таквите производи треба да бидат присутни во исхраната, но не треба да се претерува.