Му се закани на израелски борец дека ќе го запали како Хитлер – еве како го поминa времето во кафез

Пред мечот во Израел со ММА борецот Рафаел Аронов, неговиот колега од Казахстан Илијас Садиков сметал дека е добра идеја да го испровоцира противникот со антисемитски пораки, па на социјалните мрежи му испратил фотографии од Хитлер со пораки „Ќе те убијам“ и „Ќе те запалам како овој човек“.

Аронов веднаш изјави дека нема намера да му одговори на таков начин, туку дека тоа ќе го направи во салата кога ќе започне натпреварот.

Го направи тоа што го најави, а со серија удари го натера Казахстанецот до работ од кафезот и го принуди судијата да ја прекине тепачката.

Садиков подоцна се пожали дека судијата влијаел на исходот на натпреварот и дека сака нова тепачка, овојпат пред своите навивачи во Казахстан, а гледајќи ги реакциите на неговите заканувачки пораки, се запраша дали сега е антисемит.