Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вечерва во интервју за телевизија Телма рече дека ќе биде чест да се придружува премиерот Христијан Мицкоски за време на инаугурацијата на втор мандат за Доналд Трамп.
„Очекуваме набиена агенда на средби, верувам дека во следните денови и владината прес служба ќе објави што точно е планирано во таа агенда. Да ги афирмираме нашите позиции со администрацијата во доаѓање, да продолжиме и тие добри лични односи кои и јас и премиерот во Владата ги имаме со новата администрација, но и да го потврдиме континуитетот кој што го очекуваме од американската надворешна политика, по однос на прашања од регионот, посветеноста на евро-интергреациите, посветеноста кон НАТО Алијансата“, изјави министерот Муцунски.