Министрите за здравство Арбен Таравари и за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска отидоа на посета во болницата „Пирогов“ во Софија, каде се лекуваат дел од повредените од пожарот во Кочани.
Лекарите ги информирале за здравствената состојба на 15-те македонски пациенти хоспитализирани во таа установа.
„Во Бугарија во моментов се згрижени 15 пациенти, што е резултат на директната политичка комуникација со нашите колеги и претставува потврда за солидарноста и силната пријателска поддршка од нашите соседи, за што изразив искрена благодарност. Упатив благодарност до целиот здравствен персонал, од кој добивме детални информации за здравствената состојба на пациентите“, објави Муцунски.