МВР: Лицето кое го симна македонското и го закачи албанското знаме не е државјанин на Македонија

По инцидентот со албанскиот планинар кој го симна македонското и го закачи албанското знаме се огласија од МВР.

Тие велат во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде од страна на едно лице на Кораб е симнато македонското и е поствено знамето на Република Албанија по преземени мерки утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на РСМ.

-Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде од страна на едно лице на Кораб е симнато македонското знаме и е поставено знаме на Република Албанија, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на РСМ. Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена, велат од МВР

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното