Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.А.(32) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 03.08.2019 на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и мешавина од марихуана и тутун.
Полициската станица Неготино поднесе кривична пријава против лицето Ј.А.(29) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 23.09.2019 во с.Војшанци, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и растение Cannabis.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.Ј.(34) од с.Тимјаник, неготинско, и Р.Р.(48) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 03.08.2019 на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед на пријавените и на патничко моторно возило „мерцедес“, управувано од Р.Р., при што кај нив пронашле и одзеле марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.