Новите полициски возила пристигнаа во Македонија, а репортерите веќе ги уловија по улиците.
Се работи за возила марка „Пежо 408“, а како дел од најавената модернизација на полицискиот возен парк, се очекуваат вкупно 120 нови патролни автомобили во вредност од 3,9 милиони евра.
Набавката беше најавена уште во месец септември кога министерот за внатрешни работи Панче Тошковски порача дека постоечките возила се во многу лоша состојба.
Тошковски тогаш истакна дека планот на МВР е ова да биде само првата фаза од обновата, најавувајќи дека во следните месеци треба да се набават „три до четири пати повеќе“ возила од моменталните 120.
Со пристигнувањето на новите „Пежо 408“, полицијата ќе добие современи, обележани и технички опремени патролни возила кои ќе бидат распределени во униформираниот состав низ целата држава.
Од МВР велат дека новата флотила ќе придонесе за подобра покриеност на теренот, побрза интервенција и поголема безбедност на граѓаните.