МВР со детали за инцидентот во студентскиот дом Пелагонија: Истурена е запалива течност од поранешен вработен

Утрово СВР Скопје А.Ф.(36) вработен како директор на студентски дом во населба Кисела Вода, Скопје пријавил дека на работното место, по претходна расправија, Н.Ј., кој бил поранешен вработен во домот, заедно со уште едно лице, фрлиле запалива течност, при што настанал пожар.

ВИДЕО: Хаос во студентскиот дом Пелагонија – демолирана и запалена канцеларијата на директорот!

Повредени лица до моментот на пријавувањето нема, а пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје.

Полициски службеници се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за негово расчистување.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното