На аукција продадено второто најскапо Формула 1 возило – еве која е цената

За неверојатни 4.386.000 британски фунти е продаден болидот со кој британскиот Формула 1 возач – Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Турција во 2010 година.

Аукцијата се одржала викендов, по што болидот „Мекларен МП4-25А“ се смести на второто место како најскапо Формула 1 возило продадено на наддавање.

Рекордот во моментов го држи болидот „Ферари Ф2001“ кој му припаѓаше на Михаел Шумахер, и истиот беше продаден во 2017 година за тогашни 5.449.607,43 американски долари.

Ова е, исто така, првиот продаден автомобил управуван од Хамилтон.

Аукцијата се одржа пред 140.000 навивачи на патеката „Силверстоун“, каде што Хамилтон победи завчера. Болидот го управуваше тест-возачот на „Мекларен“, Роб Гарофал, па среќниците на патеката повторно можеа да го слушнат 2,4-литарскиот мотор „Мерцедес-Бенц ФО 108X В8“.

Токму овој болид значително му помогна на Мекларен да го освои второто место кај конструкторите таа година.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното