На Чесите им е доста од скапиот Јадран, најдоа „нова Хрватска“

По поскапувањето во Хрватска од воведувањето на еврото, чешките туристи ја напуштаат својата „прва морска љубов“.

Чешкото издание на магазинот Форбс ја нарече Полска „новата Хрватска за Чесите“, што укажува на неочекувана промена во преференциите, а за овој тренд пишува и полскиот дневен весник Gazeta Wyborcza. Сè поскапата Хрватска, која порано беше популарна летна дестинација за Чесите, сега е во сенка на атрактивноста на Полска.

Популарноста на земјата меѓу Чесите вртоглаво порасна: продажбата на сместување во Полска порасна за 50 отсто во споредба со минатата година, вели Ладислав Весели, директор на порталот за групни шопинг Slevomat, предвидувајќи дека интересот за Балтикот ќе продолжи да расте. Полска нуди богата низа атракции, вклучувајќи верски споменици, историски градови, недопрена природа, како и чисти мориња со песочни плажи, планини и езера, пренесува tportal.

Јиржина Екрт Јирушкова, портпаролка на туристичката агенција Инвиа, изјави за Форбс дека Полска е исто така популарна поради нејзината достапност. Сезонава еднонеделен престој во Полска за едно лице во скромна верзија чини до 224 евра, патување од средна класа околу 341 евро, а луксузен престој 736 евра. Ноќевање во хотел или апартман чини приближно 35 до 40 евра.

На прашањето зошто го избрале Балтикот наместо Јадранот, Чехинката Зузана вели дека таа и нејзините пријатели барале алтернатива за Хрватска. Беа заинтригирани од позитивните критики на пријателите кои веќе ја посетиле Полска и сакале да ја истражат културата и природата на таа земја. Војтех, жител на Прага, истакнува дека често се среќава со Чеси кои ја посетиле Полска и се вратиле со позитивни искуства во однос на развојот на инфраструктурата и квалитетот на услугите.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното