На денешен ден Стив Џобс ја промени историјата: Првиот iPhone беше претставен пред 18 години

„Ајфонот е револуционерен и магичен производ кој е буквално пет години понапред од кој било друг мобилен телефон“, беа зборовите на Стив Добс кога на денешен ден, 9 јануари, пред 18 години го претстави првиот iPhone.

Така и беше, бидејќи iPhone веднаш го промени светот. Ја смени и компанијата Apple . Во 2007 година вредела 174,03 милијарди долари, а во јануари годинава околу 3,67 милијарди!

Првиот iPhone имаше сребрено куќиште направено од брусен алуминиум, но денес нивниот најцврст модел е направен од титаниум. Цената на првиот iPhone беше 499 долари, имаше 4 GB внатрешна меморија, а за 100 долари повеќе можеше да се купи верзија со 8 GB. Денес, iPhone 16 Pro Max чини повеќе од 1.600 евра .

iPhone 2G имаше 3,5″ TFT екран на допир, со резолуција од 320 x 480 пиксели и густина од 165 ppi, што беше импресивно за паметен телефон во тоа време.

Се напојуваше со ARM 11 процесор со такт на 412 MHz, поврзан со 128 MB RAM.