Дали некој е привлечен или не зависи од многу фактори, а едно истражување покажува дека возраста има некаква врска со тоа.
Истражувањето, чии резултати беа објавени во магазинот „Њу Бити“, се обиде да даде универзален одговор за привлечноста. Во истражувањето учествувале 16.000 луѓе од осум земји: Германија, Италија, Франција, Шпанија, Велика Британија, Австралија, САД и Канада, пренесува „Глоси“.
Сите испитаници одговориле на едно навидум едноставно прашање: на која возраст жените се најпривлечни, а на која возраст мажите?
Резултатите од истражувањето покажале дека жените се најатрактивни на 28, а мажите на 32 години.
Интересно е што резултатите во некои земји се разликуваат од вкупните резултати.
Така, на пример, во Велика Британија универзалниот одговор бил дека жените се најубави на 23, а мажите на 33, додека Американците одговориле дека жените се најпривлечни на 31, а мажите на 34.