Државното јавно обвинителство на Република Бугарија денес на прес конференција истакнаа дека на местото на несреќата биле пронајдени 44 жртви.
Тие велат дека еден од преживеаните изјавил дека биле спасени 8 лица, додека пак во автобусот имало 52 патници.
Јавното обвинителство соопшти дека се разгледува можноста еден од пациентите да се симнал и да се качил во друг автобус.
Еден од обвинителите вели дека таа се видела со еден од преживеаните на кого му кажала дека е херој бидејќи спасил 7 лица.
На ова, младото момче и кажало дека не биле 7, туку спасил 8 лица.