Ѕвездата на Хари Потер, Том Фелтон ги загрижи обожавателите откако падна за време на голф игра за познати личности пред Рајдер купот.
34-годишниот актер, кој е запаметен по улогата на Драко Мелфој, во еден момент се онесвести и падна, па неговите колеги мораа да го задржат додека насобраните беа видно загрижени за неговата здравствена состојба.
На настанот присуствуваа бројни ѕвезди, како борачот Менди Рос, хокејарот на мраз Мајк Ерузионе, актерката Стефани Шостак, фудбалерот Алесандро Дел Пјеро, но и словенечкиот кошаркар Саша Вујачиќ и Тони Кукоч.
На актерот веднаш му била укажана лекарска помош, а подоцна бил добро.
ФОТО: Profimedia
