Министерство за транспорт денеска испрати листа на која стојат имињата на правните лица на кои ќе им се одземат лиценците во делот на градежното работење и урбанистичко планирање.
Според информациите, извршени се контроли кај 3100 лиценци.
Кај 479 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени поради тоа се ќе се донесат решенија за одземање.
Целата листа може да ја погледнете ТУКА