На Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, вчера во 18.00 часот од оператор на обезбедување при ТАВ Македонија било пријавено дека при рентген контрола на багаж на летот за Цирих, Швајцарија, во еден куфер бил пронајден пиштол.
Полициски службеници, во придружба на рентген операторот, информираа денеска од МВР, извршиле увид и во куферот на И.М.(76) од Гостивар пронашле пиштол „Ekol Jackal Dual“.
– Со И.М. бил извршен разговор, при што таа изјавила дека пиштолот припаѓа на нејзиниот син и заборавила дека е во куферот. Пиштолот бил одземен и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснуваат од МВР.
Читај и ова:
- 1.Бебе падна од четврти кат во Подгорица
- 2.Дневен хороскоп – сабота – 11 октомври 2025 година
- 3.Мицкоски: Време е за длабок општествен рестарт и суштински дијалог за иднината на државата
- 4.Се трага по 4 маскирани мажи кои ограбија златара во Гостивар
- 5.Четири лица загинаа, а 12 се повредени во пукотница во Мисисипи