Македонија

Надеж за новост на Самитот во Загреб – Екс министерската Кодели зборува за Евро интеграциите и Балканскиот Шенген

Актуелно, односите меѓу Северна Македонија и Албанија се најдобри досега, смета екс министерката за надворешни работи на Албанија, Мими Кодели. Освен пријателството и Албанците кои живеат во Македонија, двете земји ги поврзува и заедничкиот европски пат вели Кодели, која изрази надеж дека Самитот во Загреб кој ќе се одржи на пролет, ќе ни донесе новост.

„Јас цврсто верувам не само во фактот дека ние ги завршивме нашите домашни задачи туку и во поддршката што државите и главниот партнер, САД, ја дадоа за овој процес, било за Албанија, било за Северна Македонија како и земјите пријатели чиј глас се слуша, како што е Германија или Италија кои му даваат дух на овој процес.“, вели Кодели.

Земјите од Западен Балкан се движат со различна брзина на патот кон евро интеграциите и секоја си има свој пат, но би било грешка државите да се двојат во некои процеси, вели Кодели зборувајќи за можното разделување на пакетот во кој се Скопје и Тирана.

„Во нашиот случај верувам дека би било стратешка грешка од страна на земјите на ЕУ.“, рече Кодели.

Кодели не мисли дека со Балканскиот Шенген, Косово се заштитува од Македонија и Албанија. Мини Шенгенот е пат по кој може да мине и Косово, на кое според Кодели, му треба уште малку време да го заврши формирањето на владата и владината програма. Но дали ќе живее Мини Шенгенот без Косово или другите земји кои се сомневаат во оваа програма?

„Јас би ви одговорила со едно прашање: Дали може да живее едно семејство без сите негови членови? Не. Но зависи од членот на тоа семејство, некој размислува подолго и размислува како ќе влезе. Секако дека било поедноставно за нас бидејќи сме немале проблеми со соседите, да не заборавиме дека Косово има голем проблем со соседна Србија.“, вели Кодели.

Преку Малиот Шенген, Кодели го гледа и создавањето на околина каде Косово, Босна и Србија ќе можат да дебатираат и да се договорат во врска со реципрочното  признавање на границите.

Екс министерката за одбрана,која сега е Претседателка на Комисијата за надворешни работи во Собранието на Албанија, овие два дена со други пратеници од Албанското собрание е во официјална посета на Скопје, на средба со претседателот на Собранието, Претседателот на државата и Премиерот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни