Најголемата светска бродска компанија ги суспендира своите услуги за Русија

„Маерск“, најголемата светска компанија за транспорт на контејнери, објави дека привремено ќе ја прекине испораката до и од Русија поради санкциите наметнати на Москва поради инвазијата на Украина.

Во изјавата дадена од компанијата со седиште во Данска, беше наведено дека прекинот на транспортот со контејнери ќе ги опфати сите руски пристаништа, но ќе бидат исклучени прехранбените производи, медицинските и хуманитарните резерви.

„Бидејќи стабилноста и безбедноста на нашите операции во моментов се директно и индиректно погодени од санкциите, новите резервации на Маерск кон и од Русија, со исклучок на прехранбени производи, медицински и хуманитарни резерви, ќе бидат привремено суспендирани“, се вели во соопштението.