Европа треба да биде поповрзана од кога било во следните 20 години. Имено, Европската Унија планира да изгради континентална мрежа за брзи железници што треба да ги поврзе сите главни градови и големите урбани центри.
Проектот наречен Европска мрежа за брзи железници, кој е поддржан од здружението CER (Заедница на европски железнички и инфраструктурни компании), наскоро треба да добие официјално одобрение од Европската комисија.
Станува збор за најголемиот инфраструктурен проект во историјата на ЕУ, вреден 546 милијарди евра, а неговата цел е да создаде побрз, позелен и поотпорен европски транспортен систем.
Планот предвидува повеќе од 49.400 километри нови и модернизирани пруги, по кои возовите би се движеле со брзина помеѓу 250 и 350 километри на час. Новата мрежа ќе ги вклучува сите главни градови, како и поголеми агломерации со повеќе од 250 илјади жители, како што се Солун, Љубљана, Краков или Марсеј, објавува tportal.
Алберто Макола, извршен директор на ЦЕР, изјави дека проектот има за цел железницата да стане главна форма на транспорт во Европа. Според проценките на ЦЕР, 50 проценти од патувањата на долги релации во иднина ќе се вршат со брзи возови, додека 20 проценти сè уште ќе користат конвенционални линии, објави „Еуроњуз“.
Иако Европа инвестира во железници со децении, Макола предупредува дека континентот се соочува со сериозни инфраструктурни празнини.
Читај и ова:
- 1.Северна Кореја ја покажа својата нова ракета на воена парада, вели дека е најмоќна
- 2.Променливо облачно со сончеви периоди, температурите до 21 степен
- 3.Вирална фотографија: Бекам (183 см) помеѓу Шак (216 см) и Минг (229 см)
- 4.Го славиме Преподобен Харитон Исповедник
- 5.Се трага по 4 маскирани мажи кои ограбија златара во Гостивар