Бројот на загинати во Мјанмар по силниот земјотрес се искачи на 1.002, а 2.376 други се повредени, според воената влада на земјата.
Земјотресот се случи вчера и се случи на околу 20 километри североисточно од градот Мандалеј на длабочина од 10 километри.
Тајландскиот премиер Паетонгтарн Шинаватра објави дека е прогласена вонредна состојба во земјата.
Целосниот обем на смрт, повреди и уништување останува нејасен додека спасувачките тимови продолжуваат да трагаат по преживеани.
Спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата по преживеани по вчерашниот земјотрес.
Јужна Кореја соопшти дека ќе обезбеди првична хуманитарна помош од 2 милиони долари преку меѓународните организации, додека САД потврдија дека исто така ќе обезбедат одредена помош.