Најмалку 12 лица загинаа по гранатирање во Запорожје

Најмалку 12 лица загинаа во ракетен напад врз Запорожје , објави гувернерот на областа Запорожје, Александот Старук, цитиран од рускиот сервис на Би-Би-Си.

Претходно беа пријавени 17 смртни случаи . Според него, повредени се уште 49 лица, меѓу кои и шест деца.

„Вечерва непријателот употреби тактичка авијација за ракетен напад врз регионалниот центар. Според прелиминарните информации, авионите истрелале 12 проектили кон Запорожје. Повеќето од проектилите погодиле станбени повеќекатници и приватни куќи во еден од регионите на Запорожје. Делумно е уништена зграда од 9 ката. Уништени се и пет приватни куќи. Удрени се инфраструктурни објекти. Оштетени се 20 автомобили“, напиша тој.

Градот Запорожје беше гранатиран неколку пати оваа недела. Како што стана познато, најмалку 17 лица загинаа како резултат на ракетен напад на 6 октомври .

Иако Русија официјално го анектираше украинскиот регион Запорожје , руската војска контролира само околу 70 отсто од регионот. Руските трупи успеаја да ги окупираат Енергодар, Мелитопол и Бердјанск. Административниот центар на регионот, градот Запорожје, остана под контрола на Украина.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното