НАЈМАЛКУ 144 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО МЈАНМАР: Повеќе од 732 лица повредени – „Се стравува дека бројката е многу поголема“

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Мјанмар

Најмалку 144 лица загинаа, а најмалку 732 се повредени во земјотресот што рано денеска го погоди Мјанмар, објави мјанмарската државна телевизија МРТВ.

Се стравува дека бројот на загинати и повредени е многу поголем, изјави за таа телевизија лидерот на воената хунта во Мјанмар Мин Аунг Хлаинг.

  • По земјотресот ги отворивме патиштата поради меѓународна помош – рече тој.

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот дел на Мјанмар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), а земјотресот е почувствуван и во соседните земји – Бангладеш, Индија, Тајланд, Лаос и Кина.

И Мјанмар беше погоден од последователен потрес, со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, десет минути по првиот.

Епицентарот бил во близина на градот Мандалеј, на длабочина од 10 километри.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното