Бројот на жртви од пожарот во станбен комплекс со високи згради во Хонг Конг се искачи на 75.
Претходно, најмалку 65 лица загинаа, а најмалку 70 беа повредени во пожар во станбен комплекс во областа Таи По.
Пожарникарите се борат со пожарот од доцна попладне, кога избувна на бамбусови скелиња и градежна мрежа, а потоа се прошири на седум од осумте згради во комплексот.
Околу 900 луѓе беа евакуирани во привремени засолништа преку ноќ. Лидерот на Хонг Конг, Џон Ли, изјави дека 279 лица го изгубиле контактот со зградата во вторник. Сепак, властите не дадоа нови информации на прес-конференција за бројот на исчезнати или колку луѓе се уште се заробени во уништените згради.
Спасувачите се соочуваат со „екстремно високи температури и внимателно се движат кат по кат, темелно пребаруваат и се обидуваат да спасат луѓе што е можно побрзо“, рече Вонг Ка-винг, заменик-директор на противпожарната служба.
„Не ја исклучуваме можноста да пронајдеме повеќе повредени“, додаде тој.
Повеќе од 70 лица се повредени, вклучувајќи 11 пожарникари, соопшти противпожарната служба.