Најмалку еден од 10 возрасни е богат: Ова е списокот на земји со најмногу милионери

Швајцарија има најголем процент на богати луѓе меѓу возрасните, каде милионерите сочинуваат 15,5 отсто од населението. Следува Хонг Конг со 15,3 отсто, потоа Кувајт со 15 отсто, Сингапур со 12,7 отсто и Австралија со 11,2 отсто.

Во други земји, милионерите сочинуваат помалку од 10 отсто од населението, според податоците на „Светот на статистиката“.

Издвоено од 4ТВ Shorts
Се вчитува видео...

Според оваа статистика, милионерите во САД сочинуваат 9,7 отсто од населението, во Нов Зеланд 9,6 отсто, во Холандија 8,5 отсто, во Данска 8,5 отсто, во Канада 7,6 отсто и во Шведска 7,3 отсто.

Според оваа листа објавена на Твитер, во Германија има 3,9 отсто милионери, во Русија 0,3 отсто, додека најмалку во Колумбија, само 0,1 отсто.