Најмногу дожд во Лазарополе, измерени 68 l/m2

Утрово најстудено е во Куманово каде се забележани 6 степени.

По него следуваат 7 степени во Скопје–Зајчев Рид, Крушево, Лазарополе, Маврови Анови, 8 Пожаране, 9 Претор, Тополчани, Охрид, 10 Тетово, Берово, Битола Прилеп Велес, 11 Крива Паланка, Виница, 12 Струмица, Кавадарци, 13 Штип 10 Скопје-Петровец, 14 Гевгелија, Демир Капија.  

најмногу дожд пак имало во Лазарополе каде во изминатите 24 часа измерени се 68 l/m2 , 67 l/m2 има на Попова Шапка, 56 l/m2 во Пожаране, 8 Маврови Анови, 5 Тетово, 4 Крушево, 2 Скопје–Зајчев Рид, 1 Скопје-Петровец, Струмица.

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и јужните делови (над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.