Нема минусни температури денеска низ Македонија.
Најниска температура има на Попова Шапка каде се измерени 6 степени,
8 степени има во Берово, Крушево, Маврови Анови, 9 во Крива Паланка, 10 во Тетово, Охрид, Претор, Битола, Прилеп, Куманово, Виница, Струмица, Кавадарци, 11 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес, Штип, 12 во Демир Капија, Гевгелија.
Во изминатите 24 часа, најмногу наврнат воден талог има во Прилеп и Берово (5 литри на квадратен метар), 3 во Крива Паланка, Куманово, Охрид и Крушево, 2 во Претор, Штип, Виница, Велес, Кавадарци, Маврови Анови, Тополчани и Пожар-Радовиш, 1 литар на квадратен метар во Скопје, Битола, Демир Капија, Струмица, Тетово, Пожаране и на Попова Шапка.
Претпладне облачно со повремен локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.Дневната температура ќе достигне до 17 степени.