Најнеобичните имиња на децата на познатите

Светски познатите личности, како и оние од нашата непосредна околина, понекогаш имаат навика да им даваат необични имиња на своите деца.

Скарлет Јохансон го нарече синот Космо.

Името има убаво значење, односно потекнува од грчкиот збор за хармонија и убавина, но во истовреме е и назив на едно од најпознатите списанија денес, и име на коктел.

Ед Ширан и Чери Сиборн ја нарекоа својата ќерка Лира Антарктика

Гвинет Палтроу и Крис Мартин ја нарекоа нивната ќерка Епл (јаболко).

Илон Маск ќерката си ја нарече – X Æ A-XII, а потоа рече дека се изговара како Екс-Еш.

Тука е и откачениот „Веки“ Кал-Ел – синот на глумецот Николас Кејџ, или Пајлот Инспектор – синот на Џејсон Ли…

Френк Запа ги нарече своите деца – Мун Јунит, Двизл и Дива Тин Мафин.

Џејми Оливер и Џулиет Нортон имаат доста шарени „цветно-медени“ имиња – Попи Хани Роузи, Дејзи Бу Памела, Бади Бер, Петал Блосом Рејнбоу и Ривер Рокет Блу Далас.

Кање Вест и Ким Кардашијан имаа уште три деца по првата ќерка Норт кои се викаат Чикаго, Сент и Псалм.

Раперот Рик Рос го нарече својот син – Билион.

Ќерката на Бијонсе и Џеј-Зи се вика Блу Ајви.

Децата на Тони Брекстон се викаат Деним и Диезел

Необично име носи и ќерката на манекенката Лаки Блу Смит – Гравити.