Најстарата ќерка на Бил и Мелинда Гејтс се омажи

Џенифер Гејтс се омажи за јавач Нил Насар.

Џенифер, најстарата ќерка на Бил Гејтс и Мелинда Гејтс, ја објави свршувачката со Насар во јануари 2020 година.

Џенифер (25) се омажи за 30-годишниот Нил во саботата во округот Вестчестер, Њујорк, изјави извор за Пипл .

Пред денот на венчавката, Џенифер мина време во Њујорк со своето семејство.

„Џенифер е многу блиска со нејзината мајка”, рекол извор за изданието и додал дека Мелинда презела огромен дел од подготовките за венчавката.