Најстудено е во Берово, измерени 0 степени

Утрово најстудено е во Берово каде се измерени 0 степени.

По него веднаш е и Лазарополе со измерен 1 степен.

2 степени има на Попова Шапка, 3 во Маврови Анови, Крива Паланка, 4 во Скопје–Петровец, Струмица, 5 во Битола, Крушево, Тетово, Прилеп, Куманово, Штип, Демир Капија, Велес, 6 во Скопје–Зајчев Рид, 7 во Кавадарци, 8 во Претор, 9 во Виница, Гевгелија.

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.