Најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -10 степени.

Следуваат -6 во Маврови Анови, -5 во Крушево, -4 во Крива Паланка, -3 во Берово, Виница, -2 во Тетово, Прилеп, Штип, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Велес, 0 во Скопје-Петровец, Охрид, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, 1 во Претор, 3 во Гевгелија.

Најмногу дожд имало: 6 l/m2 во Виница, 5 l/m2 во Попова Шапка, 4 l/m2 во Скопје-Петровец, Тетово, 3 l/m2 во Крива Паланка, Пожаране, 2 l/m2 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Берово, Крушево, 1 l/m2 во Охрид, Претор, Битола, Прилеп, Гевгелија, Маврови Анови, Тополчани.

Најмногу снег или 32 см на Попова Шапка, 8 во Маврови Анови, 3 см во Скопје-Петровец, 2 во Виница, 1 во Крива Паланка.

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локална појава на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното