Најстудено утрово во Берово, измерени -5 степени

Утрово во голем дел од државата беа измерени ниски температури, при што најстудено беше во Берово со -5 степени Целзиусови. Струмица и Битола забележаа -4 степени, додека во Скопје – Петровец, Демир Капија и Тетово термометрите се спуштија до -3 степени. Во Прилеп и Велес утринската температура изнесуваше -2, а на Скопје – Зајчев Рид, Штип, Претор, Попова Шапка, Кавадарци и Маврови Анови -1 степен.

Во Дојран, Крива Паланка, Куманово и Крушево температурата се движеше околу 0 степени, додека во Гевгелија и Охрид беше измерен 1 степен. Најтопло утринава беше во Виница со 2 и во Ѓуриште со 4 степени.

На планинските места продолжува да има снежна покривка. До 7 часот најмногу снег е измерен на Попова Шапка – 24 сантиметри, додека во Маврови Анови и Крушево снежната покривка достигна до 9 сантиметри.

Дневната прогноза најавува променливо облачно и тивко време со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а максималните температури ќе се движат од 6 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и тивко, со можност за утринска и претпладневна магла. Максималната дневна температура во главниот град се очекува да достигне до 9 степени.