Утрово најстудено е во Берово каде се измерени -10 степени!
По него следува и -7 во Крива Паланка, Маврови Анови, Попова Шапка, -6 во Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Куманово, Велес, Крушево, -5 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, Демир Капија, Струмица, -4 во Претор, Кавадарци, Виница, -3 во Охрид, Гевгелија.
Снежната покривка изнесува 31 см на Попова Шапка, 13 на Маврови Анови.
Наутро студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди, повеќе во источните делови. Во југозападните претежно планински региони од пладневните часови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје наутро студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.