Најниска температура утрово е измерена во Берово, каде што термометарот покажал -6 степени. Следат -4 на Попова Шапка, -3 во Битола, Прилеп и Струмица, -2 во Лазарополе, Виница и Тетово, додека -1 е во Крива Паланка, 0 во Кавадарци, Крушево, Куманово, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија.
Температура од 1 степен има во Демир Капија, Штип, Маврови Анови, Претор и Дебар, додека најтопло е во Охрид и Велес со 2 степени.
На Попова Шапка има најмногу снег, со висина од 47 см. Следуваат Маврови Анови со 38 см, Крушево со 20 см, Битола со 13 см, Тетово со 5 см, Берово со 2 см и Штип со 1 см снег.