Утрово најстудено во Берово, каде се измерени -4 степени.
По него следува -2 Маврови Анови, -1 Тетово, Струмица, Лазарополе, Попова Шапка, 0 Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Демир Капија, Велес, 1 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Штип, Кавадарци, 2 Охрид, Претор, Крушево, Гевгелија, 4 Виница.
Висината на снежната покривка: 32 см на Попова Шапка, 15 во Маврови Анови.
Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, во текот на денот променливо облачно со слаб до умерен променлив ветер. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.