Најверојатно е Македонец загинатиот во експлозија во стан во Белград – полицијата вели подготвувал бомба!

Во експлозија што се случи вчера на улицата Косовска во Белград, најверојатно загинал граѓанин на Македонија.

Според информациите од српските медиуми, тој загинал додека подготвувал експлозивна направа со голема разорна моќ наменета за ликвидација.

Се уште се чека официјална потврда на идентитетот.

„Оперативните информации укажуваат дека бомбата била за дилер на дрога од Белград. Целата мрежа на криминални пресметки што е подготвена во главниот град е поврзана со структури за поддршка блиски до криминални групи“, изјави соговорник за српските медиуми.

Експлозијата беше на третиот кат од зграда во Белград. Првичните информации се дека загинатиот го изнајмил на ден.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.