Наполни 53 години и го преврте животот наопаку: „Се преселив во Албанија и живеам прекрасен живот со само 550 евра месечно“

Америка не е ветената земја за секого. Таков е случајот со Шерил, која одлучи да се пресели од Лос Анџелес во Европа, во Албанија.

  • Живеев во Лос Анџелес, на атрактивна локација само на неколку минути од плажата Редондо. Водев своја компанија за мебел 32 години. Ја изградив од нула, работев неуморно и создадов удобен живот за себе. Имав круг пријатели, бев активна во спортот, патував, но немаше вистинска среќа. Чувствував немир внатре, сакав да заминам, да истражувам, да живеам поинаку – почнува Шерил Орлов (55), која ги напушти САД пред две години и се пресели во Албанија.

Нејзиниот пресврт се случи во 2016 година кога отиде во Африка на хуманитарно патување.

  • Ги посетив Уганда, Мароко и Јужна Африка, а потоа нешто сериозно се скрши во мене. Знаев дека сакам да живеам надвор од САД, само не знаев како да го направам тоа – раскажува таа за Business Insider.

Поседуваше недвижен имот, додава таа, водеше компанија. И потоа полека почна да ги продава своите средства, се пресели во помал стан и почна да го затвора својот бизнис, сето тоа со идеја да замине.

За Албанија дознала сосема случајно, додека слушала подкаст за животот на емигрантите. „Никогаш не ми беше на радар, а ги посетив сите седум континенти и речиси 50 земји. Почнав да истражувам, да гледам видеа, да разговарам со соло патници. Во септември 2022 година, отидов во Албанија на еден вид извидување. Најизненадувачката работа за мене беше Тирана. На интернет пишуваа дека тоа не е место за живеење, но штом стапнав таму, знаев дека ова е мојот град“, рече таа, додавајќи:

„Културата, историјата, природата, сè ме воодушеви. Луѓето се неверојатно гостопримливи, се чувствував како дома.“

Се врати во САД, продаде речиси сè што поседуваше и се пресели во Тирана во септември 2023 година.

  • Живеам во мирна населба во стан со две спални соби, плаќам 400 евра месечно. Храната на локалниот пазар ме чини 20 до 30 евра неделно, значи максимум 120 евра месечно. Превозот е евтин, само 0,50 евра за билет за автобус и околу 5 евра за такси, а излегувањето и јадењето надвор чинат околу 15 евра по лице, што можете да си го дозволите повремено. Сè е многу попристапно отколку во Америка, – рече таа.

Секако, имаше прилагодувања.

  • Албанскиот е тежок, а исто така ми е тешко што иселениците многу се движат. Се врзуваш, па мора повторно да се збогуваш. Сепак, предностите беа поголеми. Од Албанија, лесно можам да патувам низ Европа, Африка и Азија. Завршив со затворањето на мојот бизнис, инвестирав и со тоа ја обезбедив мојата пензија. Не планирам трајно да се вратам во САД, можеби никогаш. Среќна сум тука и засега не би менувала ништо. И конечно, сакам сите да знаат дека никогаш не е предоцна да се започне патување или преселба на нова дестинација – вели оваа жена.
Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.