Насилството во подем, децата жртви на физичко, но и други форми на насилство

Насилството во училиштата се зголемува, психолозите и социјолозите велат дека ова е аларм за општеството. Тие велат дека одговорност треба да има и препорачуваат семејството и училиштето поактивно да се вклучат во воспитување на децата.

„Посебно треба да бидеме подготвени и да го оправдаме нашиот дигнитет за тоа како институциите, училиштата и другите образовни институции се справуваат со овој проблем, бидејќи многу е малку познато е неопходно да се изврши рана детекција. Рано познавање на првите облици на насилство кои понатаму го профилираат самото дете“, изјави Љупчо Кеверески, универзитетски професор.

„Работиме првенствено на превенција од меѓуврсничко насилство. Нашата најголема важност е да превенираме, но исто така и да извршиме идентификација односно воочување доколку постои меѓуврсничко насилство.“, изјави Аница Златевска, психолог.

Психолозите велат дека е зголемено сајбер насилството кај учениците и препорачуваат технологијата да се користи за позитивни цели, а не да се користи за вршење на насилство. Се соочуваат со најразлични случаеви:

„Објавување на фотографии, објавување на видео снимки, пораки со негативна содржина, навредување, со омаловажување. Тоа се случува најчесто кога децата не се во личен контакт. Но, кога тие ќе се видат, кога ќе имаат непосреден контакт тоа насилство може да премине и во физичко насилство или психичко насилство помеѓу врсниците“, додаде Аница Златевска.

Најчесто насилниците бираат ученици кои биле мирни и дисциплинирани, велат психолозите. Реакциите по насилството кај учениците биле различни.

„Често е симптом не доаѓањето на училиште, а тоа секако ќе има последици врз успехот на ученикот. Индивидуално е кај секој ученик, имаме различни ситуации некогаш учениците се повлекуваат во себе, некогаш се случува и тие насилно да делуваат кај другите ученици. Меѓутоа чести се случаите кога се отсуствува од училиште поради страв од соочување со тоа што ќе се случи на училиште“, изјави Елена Милошевска, психолог.

Kај децата големо влијание имаат медиумите и социјалните мрежи и постои проблем како да се разликуваат реалноста од фантазијата.

Минатата година биле регистрирани биле 976 жртви, од кои 2/3 биле жени, а повеќе од 90 деца.

Репортер: Јовица Пауноски

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното