Научниците најдоа начин да го спасат северниот бел носорог

Меѓународниот конзорциум BioRescue го спасува северниот бел носорог од 2019 година.

Тим меѓународни научници, предводен од професорот Томас Хилдебрант, постигна голем напредок.

Имено, во лабораторијата се направени уште три ембриони, со што вкупниот број на ембриони се зголеми на 12.

Научниците ги зедоа јајцата на една од двете преостанати женки од северниот бел носорог во паркот за диви животни во Кенија и ги вкрстија со замрзната сперма од два мртви мажјаци.

Два од трите нови ембриони се создадени со вкрстување на јајца со сперматозоидите на северниот бел носорог сунити, чиј генетски код се користел за сите постоечки ембриони.

Третиот ембрион е направен откако за првпат беше искористен сперматозоидот Ангалифу, носорог кој живеел во сафари паркот Сан Диего, а починал во 2014 година.

Сегашниот план е да се создаваат што е можно повеќе ембриони на секои три до четири месеци, а потоа ќе се направи имплантација кај сурогат мајката.