Францускиот фудбалски лигаш Сент Етјен официјално соопшти дека француската полиција го уапсила човекот кој беше автор на инцидентот на натпреварот од 30. коло на Лига 1 меѓу Сент Етјен и Лион.
Во самиот финиш на првото полувреме, во 44. минута, дотичниот со предмет, најверојатно паричка или нешто слично го удрил помошниот судија на овој меч. Лекарската служба на Лион веднаш му пријде на помош на судијата, по што сите го напуштија теренот, а натпреварот беше прекинат 40 минути.
Во продолжението од дуелот важна победа во борбата за опстанок оствари Ст. Етјен кој го победи Лион со 2-1, а домаќинот објави и дека полицијата го уапсила авторот на овој инцидент додека го напуштал стадионот.
Насилникот сè уште е во полициски притвор, а Сент Етјен ќе поднесе официјален извештај против него и ќе помогне да се осигура дека човекот ќе биде соодветно казнет за неговите злодела.